Во првите четири месеци од годинава Албанија од извоз на електрична енергија инкасираше 42 милиони евра.
По длабоката енергетска криза низ која мина лани, албанскиот енергетски сектор преживува позитивни моменти,благодарение на изворедно поволната хидролошка состојба.
Институтот за статистика соопшти дека во првото тромесечие од годинава во земјата остварено е двапати поголемо производство на електрична енергија ,споредено со истиот период лани. Имено,во периодот јануари-март годинава произведени се 3,2 милијарди киловат часови електрична енергија,наспроти 1,6 милијадри квч во првото томесечие од 2017 година.
Поголемиот дел од производството отпаѓа на државните хиролектрани, кои се во склоп на албанската електрокорпорација,КЕШ или 75 отсто,додека останатиот процент отпаѓа на производство остварено во приватните ХЕ.
Лани Владата беше принудена да издвои 50 милиони евра од буџетот со цел да обезбеди нормално снабдување со струја.
Годинава состојбата е целоно сменета.Покрај целосната покриеност на домашната портошувачка,КЕШ продолжи со извоз на голема количина енергија и во текот месец мај