Сликата за синоќешниот протест е огромен број на специјални полициски сили, полициски возила за борба со демонстранти, водени топови блокирани простори. Едницата за брза интервенција под полна опрема за борба со демонстранти синоќа ја следеше масата на секој чекор .

Стратегијата беше, разбивање со потиснување,и не дозволуваше приклучување на друга маса, и тактички мирно ја менаџираше присутноста.
Единствениот инцидент се случи пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ, каде специјалците утврдени и за жива глава не дозволуваат приод, до големата нова зграда на ВМРО ДПМНЕ. Борбените возила , блокираа а голема маса на специјалци во неколку редови се спротиставуваа и потиснуваа.

Епилог на тоа утврдување за кое граѓаните веќе си шпекулираат дека таму сигурно се чуваат милионите и луксузите на власта, се повредени 6 полицајаци , а еден демонстрант е приведен. Ова е единствениот инцидент во вечерашните протести кои се одржаа против одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и нивни соработници.
Хронолошки, многубројните демонстранти, во текот на минатата ноќ, го почнаа протетстот кај полициската станица Беко каде и се судрија со полицијата. Протестот продолжи пред Собрание, потоа пред седиштето на ВМРО – ДПМНЕ каде дел од демонстрантите фрлаа со јајца, димни бомби и боја. Прес Собранието се оддржаа говори на активисти каде уште еднаш беа повторени барањата за отовикување на одлуката на Иванов за аболиција на криминалците на власта, и негова оставка, одлагање на изборите, и формирање на техничка влада која ќе спроведе реформи и подготовка на државата за фер и кредибилни избори

По судирот пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ, масата демонстранти се упати пред владата.Беа следени со огромен број полиција и борбени возила

По некој час извици и негодувања без инциденти протестантие се повлекоа со најава за денешниот голем протест во кој се вклучуваат и опозициските партии.
Синоќешниот протестот е огранизиран од 85 граѓански здруженија и започна во 18 часот пред Собранието. Протетстот траеше повеќе од четири часа, полицијата пред парламентот освен големите блокади и присутност немаше работа

Од вкупно 13 приведени од завчерашниот протест, двајца заработија кривични пријави, а останатите 11 се пуштени со прекршочна пријава. За денеска се најавани протести во исто време.
Во исто време на другата страна градот контрапротсети со многубројно членство и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ и на власта. И тие се демк против Иванов ама зошто ги помилиувал Заев И Верушевски. Нивните ако ама не и овие, како велат, душмани на Македонија
Сепак тое видно опшуштени пред седиштето на СДСМ пак играа ора и ечеа патриотски песни, се имаче нешто за замезување и пивнување, и без инциденти. Големата маса контрапротестанти кои со автобуси беа донесени од внтарешноста да присуствуваат на контрапротестот на организаторот ГДОМ, си заминаа задоволни и тие најавија дека пак ќе се вратат.