Од први август измена на правилата за влез во Австрија поради коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska
241 прегледи

Од први август стапува на сила новата регулатива за влез во Австрија од земји со зголемен епидемиолошки ризик.

Според новата регулатива, потврдата за вакцинација на лица помлади од 18 години нема да има рок на важност. За возрасни, правилото не се менува и потврдата за целосна имунизација важи 270 дена.

Дополнително, австриските власти прифатија уште една кинеска вакцина „Конвидеција“ произведена од „Кансино биологикс“. Станува збор за векторска вакцина, која се дава само во една доза.

Засилена доза се препорачува четири до шест месеци по вакцинацијата.

Инаку, правилата за влез во земјата важат за земји со висок епидемиолошки ризик, но во моментов ниту една земја не е вклучена на таа листа од австриските власти.

Слични содржини