Од први март јавниот превоз целосно бесплатен во Луксембург

од Aleksandar Petrovski
265 прегледи

Луксембург од први март ќе стане првата земја во светот каде јавниот превоз ќе биде целосно бесплатен, целта е да се поттикнат луѓето да се откажат од автомобилите.

Патниците ќе треба да приложат само документ за идентификација за да ги користат автобусите, трамваите и возовите во земјата.

Покрај оваа мерка, министерството за транспорт се залага и за поефикасна и помодерна мрежа на јавен превоз во наредните години за да го направи поатрактивен. Луксембург е една од земјите во Европа каде стапката на автомобилисти е највисока.

Бесплатниот јавен превоз беше едно од ветувањата на владината коалиција, мерката ќе ја чини 41 милион евра годишна и ќе се финансира од даноци.

Слични содржини