Oд први септември нема да има нови предмети на лустрација

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Од први септември и официјално престанува лустрацијата во Македонија. Мандатот на Комисијата за верификација на факти ќе биде максимум две години. lustracija3

Ова се предвидува со Дополнетиот предлог на закон за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, што беше изгласан денеска во Собранието. Законот го поднесоа пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Аљити и Антонио Милошоски.

Во рамки на 62. седница беше донесен и Дополнетиот предлог на закон за национална база на податоци за лица со инвалидност. Се предвидува воспоставување единствена електронска евиденција, односно национална база за лица со инвалидност. Се уредува и начинот на функционирање на националната база на податоци за лица со инвалидност, обработката на податоците во базата, користењето на податоците во базата, безбедноста на податоците и надзорот над функционирање на базата.

Националната база на податоци за лица со инвалидност претставува дел од интегрираниот здравствен информатички систем кој овозможува обработка и давање на користење податоци меѓу надлежните органи, со цел воспоставување на единствена евиденција на податоците и остварување на правата по основ на инвалидност согласно закон.

Пратениците во рамки на оваа седница започнаа со гласање по сетот закони од повеќе области кои се усогласуваат со Законот за прекршоци./МИА