Од радикално неменување на уставот, до барање гаранции за уставни измени – зошто Мицкоски се премисли?

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Христијан Мицкоски излезе со дијаметрално спротивен став од тој што го презентираше пред само три месеци во врска со обврската која ја има земјава да изврши уставни измени и да внесе други народи во Преамбулата.

Изминатите три месеци, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со остро противење на уставните измени креираа дополнителни поделби во македонското општество, за денес опозицискиот лидер да излезе со став дека бараат гаранции од ЕУ дека нема да има ново вето за да ги поддржат уставните измени.

Тој дури и ги натера неговите пратеници да потпишат изјави на нотар дека нема да гласаат за уставните измени и дури најави и негово повлекување од политиката доколку барем еден пратеник од неговата партија гласа за внесувањето на други народи во Преамбулата на Уставот.

Сепак тој го менува ставот и кажа дека условот за ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени се јасни гаранции од Брисел и ЕУ дека земјава ќе влезе во ЕУ без ново бугарско вето.