Реал загуби од Арсенал во четврт-финалето на Лигата на шампионите со вкупни 5:1, а по натпреварот Лукас Васкез даде изјава која многумина од нас ја сфатија како негово збогување со мадридскиот клуб.
„Навивачите на Реал Мадрид знаат дека секогаш даваме се од себе. Без разлика дали е добро или лошо, ние секогаш даваме се од себе. Ќе се вратиме посилни, Реал Мадрид секогаш се враќа. Ви благодарам за се“, изјави 33-годишниот десен бек.
Веќе некое време Васкез е меѓу играчите за кои се верува дека нема да играат за Реал следната сезона. Клубот од Мадрид се уште не му понудил продолжување на соработката.
Инсајдерот и познат спортски новинар Фабрицио Романо верува дека Васкез ќе си замине бидејќи станува вишок со враќањето на Дани Карвахал од повредата и очекуваното доаѓање на Трент Александар-Арнолд.
Лукас е во Реал од 2015 година. Пет пати беше шампион на Европа со Реал и четири пати со Шпанија. Вкупно, тој одигра 393 натпревари за мадридскиот клуб и постигна 38 гола со 72 асистенции.