456
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Јадранка Поцкова, партија чиј нов слоган е „Македонија за сите луѓе“, денеска преку својот Фејсбук профил се огради од „Парадата на гордоста“.
„Секој со своите“, напиша Поцкова над фотографија на која ги поистовети ВМРО-ДПМНЕ со семејство, додека СДСМ со Парадата.
Неколку часа подоцна пратеничката од Струмица повика на средба со граѓаните од Четвртата и Петта месна заедница, а „поканети се сите сограѓани да ги пренесат своите идеи и изложат проблемите“.
„Патот на добрите решенија и предлози кон институциите и Собранието е еднакво достапен за секого. ВМРО-ДПМНЕ има голем капацитет и незадржлива идеја која мобилизира. Затоа што заеднички градиме МАКЕДОНИЈА ЗА СИТЕ ЛУЃЕ!“,додаде Поцкова.