Facebook ги избриша сите приватни пораки кои ги праќал извршниот директор Марк Закерберг, како и многу членови на извршниот менаџмент во текот на изминатите години.

Бришењето на пораките не е опција која Facebook ја нуди на другите корисници, иако WhatsApp дозволува можност пораката да се избрише трајно.
Facebook вели дека оваа одлука ја донеле по познатото хакирање на мејловите на Сони во 2014 година, и поради загриженоста дека по неодамнешниот скандал околу протекувањето податоци и Facebookќе стане жртва на хакери.
Иако Facebook, нуди опција да ја избришите сопствената порака, пораката на праќачот сепак останува. Но, во случајот на Закерберг и одредени компании избришани се пораки со кои се допишувал.
Пораките на Закерберг во главно биле упатени кон членови на комапнијата, но и поединци кои работат во фирмата.