Од Словенија: Со конвој, 50 македонски државјани се враќаат дома

од Берта Китинска
359 прегледи

Конвој со вкупно 50 македонски државјани доцна синоќа тргна од Словенија за Северна Македонија, јави дописникот на МИА до Љубљана.

Во конвојот има 13 македонски државјани кои немале свои возила и 19 државјани со 11 возила. На нив им се придружија уште 19 македонски граѓани од Австрија кои исто така сакаат да се вратат дома. За лицата без автомобили беше обезбеден автобус. Сите тие поради коронавирусот и затворањето на границите беа затекнати во Словенија и Австрија.

И овој конвој го организираа Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Словенија, со директна асистенција на Амбасадата на Северна Македонија во Словенија.

Според планот, сите граѓаните уште денеска ќе стигнат во нашата земја по што ќе бидат сместени во државен карантин.

Слични содржини