Од среда 14 вработени од МВР ќе сликаат за пасоши во пунктот „Пролет“, од понеделник и во две смени

од Nikola Popovski
285 прегледи

За шест дена од денес е крајниот рок до кога ќе важат личните документи на кои не стои името „Северна“, по што потоа нема да може да се излезе од границите на земјата. Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски најави дека од утре ќе има зголемување на вработени на пунктот за фотографирање, а од понеделник пунктот „Пролет“ќе работи во две смени.

„Од среда пунктот Пролет го враќаме во целост во системот на нормалност и системот на правилно функционирање на оваа постапка во рамките на министерството. Што значи тоа? Тоа значи наместо популистички методи, јако најавувани, кои што катастрофално се менаџирани, со четворица луѓе кои фотографираат на 10 базни станици, од среда предметниот пункт ќе функционира со 14 базни станици, со 14 фотографи, луѓе, полицајци вработени во МВР, коишто доброволно се ангажираа да ѝ помогнат на Македонија, и од срце им благодарам за тоа, и ќе бидат соодветно во рамките на закон наградени за тоа, достојно а не како до сега праќани под казна. Од понеделник, овој што иде, воведување и втора смена, каде што уште 14 доброволци од МВР ќе бидат ангажирани дополнително. Тоа значи дека капацитетот од 4 базни станици кои фотографираат и обезбедуваат постапну издавање на лични документи ние ќе го зголемиме фактички на 28 во еден ден”, рече Тошковски во интервју за Тв Телма.

Премиерот на техничката влада Талат Џафери најави дека на денешната владина седница ќе има поконкретни решенија за проблемот со патните исправи. Проблем со документи имаат и македонските граѓани коишто се во странство.

Во меѓувреме, продолжуваат гужвите и редиците пред пунктот на МВР за промена на лични документи без претходно закажување. Состојбата со метежот се забележува во повеќе наврати уште од отворањето на пунктот на 15 ноември. Во последните денови може да се забележи дека граѓаните чекаат уште од 3 часот изутрина, со надеж дека побрзо ќе завршат работа, иако пунктот отвора во 8 часот.

Пунктот беше отворен за граѓаните да ја направат промената на личните документи со името Република Северна Македонија, задолжителна обврска што произлезе од Преспанскиот договор потпишан со Грција, во определениот законски рок до 12 февруари в година.

Слични содржини