Од среда до сабота изменет сообраќаен режим во Скопје

од Берта Китинска
131 прегледи

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 20 до 23 април, поради официјална посета на претседателот на Република Латвија, Н.Е. Егилс Левитс, на нашата држава, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

За таа цел, СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.