Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер во југоисточните делови од земјата. По одделни котлини има услови за појава на слаба утринска магла. Температурата ќе се движи од 10 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност.
Ќе дува слаб умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 10 степени.
Следува период на стабилно и суво време, претежно со слаб јужен ветер. Во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка.