Од „Студентски пленум“ бараат став од ректорот на УКИМ за изградба на факултетите

од desk3
149 прегледи

Студентите од „Студентски пленум“ побараа став од ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски за изградбата на двата нови факултети во кампусот на УКИМ, кои се предвидени да бидат во барокен стил.

studentski plenum

Тие објавија фотографија на нивниот „Фејсбук“ профил, со која го повикуваат ректорот да каже свој став по ова прашање.

Студентите вчера одржаа трибина по повод сечата на дрвјата и подготовка на теренот кај УКИМ, за изградба на Факултет за физичка култура и Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерстви (ФИНКИ).

Од „Студентски пленум“ велат дека одлуката за изградба на овие две нови факултетски згради е проблематична од повеќе аспекти.

Интервју со Заев: Груевски ја нокаутира Македонија, граѓаните ќе го нокаутираат него!

– Според наши сознанија, Сенатот воопшто не донел одлука за градење нови објекти кај кампусот на УКИМ. Со тоа сметаме дека наметнатата одлука за изградба на овие објекти е упад во универзитетската автономија. Второ, проблематична е и локацијата бидејќи самиот кампус има проблеми со бројот на студенти. Ако се додадат и студентите во двете нови згради, би се влошила сообраќајната состојба и би се уништил голем дел од зелената површина и дрвјата околу факултетите – изјави Орхан Сулејмани од „Студентски пленум“.

 

META