Од „Тинекс“ демантираат дека влегуваат во бизнисот со приватни болници

од Vladimir Zorba
451 прегледи

Од Тинекс маркети демантираат дека влегуваат во бизнисот со приватни болници.

„Ние не инвестираме во болница, остануваме посветени на Тинекс и се развиваме и понатаму во областа на малопродажбата“, одговорија од „Тинекс“ во однос на информациите на „Локално“ дека семејството Тодоровиќ гради болница во близина на поранешен „Бриколаж“ во општина Гази Баба.

Според информациите на Локално, поранешниот градоначалник на Центар и сопственик на „Тинекс“ маркетите, Владимир Тодоровиќ, и неговото семејство влегуваат во бизнисот со приватни болници.

Во моментов, во близина на сегашен „Бриколаж“ во општината Гази Баба се гради објект за кој нашите извори тврдат дека е нова приватна болница.

Инаку, Тодоровиќ веќе ги почувствува поволностите што ги донесоа новите измени на Кривичниот законик.

Тој беше осомничен во истрагата „Феникс“ дека ја злоупотребил службената положба и овластување за проектот „Скопје 2014“.

По предлог на обвинителот, судот му го укина домашниот притвор.

Причината за тоа е што делото за кое беше осомничен, според овие измени што стапија во сила на 15 септември, му застарува годинава.

Истрагата за него сѐ уште не е запрена, но, според најновите законски измени, извесно е дека тоа ќе се случи, бидејќи дејствијата ги сторил до 2013, па наместо во 2043, делото целосно му застарува годинава.

В.З.

Слични содржини