Граѓаните од општина Карпош најавуваат дека утре со блокади и протести ќе го искажат своето незадоволство против неочекуваното донесување на деталните урбанистички планови за Карпош 3 и Тафталиџе 1.

DUP za Karpos 4

Тие планираат да го блокираат булеварот „Партизански одреди“ кај Сити мол, каде ќе бидат покажани изгласаните измени и дополнувањата на ДУП-овите на 5 јануари, па секој ќе може да види кои од постоечките слободни парцели во населбите ќе добијат нова намена.

Eвропратениците Вајгл, Ховит и Кукан утре во Скопје, а Груевски под итно во САД!

Опозицискиот СДСМ уште вчера реагираше дека овие измени се донесени на нетранспарентен и незаконски начин, а од партијата на градоначалникот Стевчо Јакимовски -ГРОМ, возвратија дека е запазена целокупната процедура.

Слични содржини