Членовите на Европскиот парламент Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои посредуваа во напорите за постигнување на договорот од Пржино утре ќе ја посетат Македонија .    Европратениците се очекува да одржат одвоени средби со лидерите на политичките партии потписници на договорот.еу лупа

Вајгл, Ховит и Кукан, исто така, треба да се сретнат и со специјалната обвинителка Катица Јанева, како и со претставници на Државната изборна комисија.

Оваа тројка од Европарламентот, се смета дека ќе има задача да ги убеди партиите да се забрза усвојувањето на преостанатите обврски од договорот од Пржино и од итните реформски приоритети што ги препорача Европската комисија.

Во средината на месецот се очекува и доаѓањето на еврокомесарот за соседска политика и прегвоори за проширување Јохаес Хан. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, целта на посетата е да направи увид во напредокот од имплементирањето на точките од договорот во Пржино, како и на итните реформски приоритети што ги препорача Еврокомисијата.

– Потврдувам дека комесарот Хан ќе го посети Скопје во јануари, но немам датум. Причината е да направи проценка на ситуацијата, изјави портпаролката на неформалната влада на Европската унија, Кетрин Реј.грујцо

Истовремено , за утре премиерот Никола Груевски е викнат на итна ненајавена средба во САД. Негови соговорници ќе бидат еден од најголемите познавачи на случувањата во кризна Европа заменик државен секретар Викторија Нуланд и потпретседателот на САД Џо Бајден. Главна тема е Македонија и  излезот од тешката и веќе предупредувачка за државата криза.

Слични содржини