Од утре и официјално: Audi целосно го купи Sauber

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Германскиот автомобилски гигант Audi го заврши купувањето на акциите на Sauber, пред неговото влегување во Формула 1 во 2026 година. Оваа вест се очекува да биде официјално потврдена утре.

Audi официјално објави во август 2022 година дека ќе дебитира во Формула 1 во 2026 година со мотори Sauber. Меѓутоа, подоцна во Инголштад се премислија и решија да влезат во спортот како полноправна фабричка екипа.

На почетокот на минатата година, Audi почна постепено да купува акции во Sauber, кога зеде 25 отсто од акциите во тимот со седиште во Хинвил. Според racingnews365.com, преостанатите 75 отсто биле купени претходно оваа недела.

Со оглед на официјализирањето на договорот, кое се очекува утре, сите сомнежи кои се појавија за влезот на Audi во последните недели ќе бидат изгаснати. Дебито на Audi во Формула 1 ќе се совпадне и со воведувањето на сосема нови технички правила, кои ќе вклучуваат нови погонски системи, нова аеродинамика и нови горива, кои ќе бидат 100 проценти одржливи.

Слични содржини