Од утре изложба „Расна дијагноза – „Циган“ во НУ Музеј на Македонија

од Nikola Popovski
200 прегледи

На 12 април во просториите на НУ Музеј на Македонија, ќе се одржи свечено отварање на изложбата нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање, организирана од страна на РРОМА во соработка со Централниот Совет на германските Синти и Роми, Документациониот Културен Центар на германските Синти и Роми и земјите од Западен Балкан.

Геноцидот на околу 500.000 Синти и Роми под Национал-социјализмот сè уште се смета за „заборавен Холокауст”. За тоа Фокусот на изложбата е националсоцијалистичкиот геноцид на Синтите и Ромите почнувајќи од исклучување и обесправување на малцинството во Германскиот Рајх па се до нивното систематско истребување во Европа окупирана од нацистите.

Изложбата ќе трае до 28 април 2023, сите заинтересирани може да ја посетат, со влез слободен и да се заземеме решителен став против опасната клима на маргинализација и омраза, преку подигање на свеста, обезбедување информации и создавање култура на сеќавање.

Сепак, расизмот и популизмот не само што ги поткопуваат правата на малцинствата, тие се насочени кон срцето на нашата демократија. Верувам, дека оваа изложба ќе помогне да пренесеме порака не само на младатие, туку на сите генерации, дека истото може да се случи пак, не само денес, туку и во иднина и во секој момент да ни служи како потсетник на безмилосните, грозни, и мрачни случувања од минатото.

Слични содржини