Од утре „Лајка“ ќе ги заловува уличните кучиња во Аеродром

од Nikola Popovski
147 прегледи

Од утре 13-ти март заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром.

Од претпријатието информираат дека цела неделува ќе заловуваат улични кучиња во реоните: Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.

-Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман, соопштуваат од ЈП „Лајка“.

Додаваат дека доколку граѓаните од споменатите населби сакаат да посочат на тимовите некое бездомно куче, да се јават на 02 256 5859 или 071 219 925 или можат да пријават на [email protected]

Слични содржини