Од утре нема бесплатен превоз, мерките дале резултат

од Берта Китинска
263 прегледи

Од утре престануваат да важат мерките кои Градот Скопје ги донесе за спречување на загадувањето на воздухот во главниот град.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешниот брифинг посочи дека досегашните мерки дале резултат.Бесплатниот јавен превоз низ минатите години се воведуваше кога воздухот беше загаден над нормите.

Ветувањата на Данела Арсовска дека ќе се заложи за борба против загадувањето и заштита на животната средина сега се сведени на лажни предизборни ветувања.Арсовска крати буџетски средства за животна средина, поништува еколошки проекти и најавува популистички мерки, реагираат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека покрај тоа што за три пати ги Арсовска ги има намлено парите за Секторот за животна средина, таа ги намалила и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори.

-За шест пати се намалени субвенциите за инвертори кон скопјани за следната година, односно на само 24 милиони денари.Мерката за субвенционирањето на набавка на инвертори досега беше искористено од околу 5.000 домаќинства во Скопје, а тоа се 5.000 помалку оџаци кои го загадуваат воздухот.Ваквиот пристап на Арсовска не може да обезбеди решение против аерозагадувањето.Арсовска мора конечно да почне да работи, особено на она што им го вети на скопјани, а добрите проекти и еколошки мерки на Петре Шилегов да ги продолжи а не да ги девалвира и укинува, велат од СДСМ.

Слични содржини