Од утре нема веќе бесплатен јавен превоз, се укинуваат мерките против аерозагадувањето

од desk4
97 прегледи

Наспроти соопштението на Град Скопје дека бесплатниот автобуски превоз во главниот град ќе престане од утре, ЈСП Скопје соопшти дека тоа не важи од денес од 16 часот.

– Почитувани патници,Ве известуваме дека мерките за бесплатен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници ПРЕСТАНУВА од овој момент (16,00 часот) 10.01.2018, се вели во соопштението на ЈСП, објавено на нивниот веб сајт.

Бесплатниот јавен превоз беше дел од мерките кои што Град Скопје ги воведе на 8 јануари откако воздухот во главниот град беше загаден два дена со ред. Тие завршуваат денеска бидејќи среднодневните концентрации на ПМ10 (200 µг/м3) биле под дозволената граница.