Општина Тетово информира дека од утре повторно ќе почне да функционира платениот паркинг во градот.
-Ја известуваме јавноста дека по неколкунеделен прекин на плаќањето на граѓаните за паркинзите во Тетово, започнувајќи од 01.12.2021 година повторно ќе почне да функционира платениот паркинг.Одложувањето на плаќањето од неколку недели се должи на откривање на проблемите што ги има оваа компанија, а според нашите инспекции откривме многу неправилности кои се веќе решени.
Приходите што ќе ги остварува оваа компанија ќе се користат за плати на вработените, за одржување на паркинзите и за нови инвестиции за граѓаните да имаат најдобри можни услови и максимално да се помогне сообраќајот во градот. Ве известуваме и дека наскоро ќе се создадат нови паркинзи и места, стои во соопштението на општината, под чија капа е JП „Градски паркинг – Тетово“.