Од утре повторно може да се плива во базенот кај СЦ „Борис Трајковски“

од Nikola Popovski

Од СЦ „Борис Трајковски“ информираа дека од утре (28.01) повторно ќе може да се користи базенот, кој е во склоп на спортскиот центар.

-Благодарение на сите чинители кои придонесоа во решавањето на проблемот, истиот е брзо отклонет со што репрезентативците ќе може непречено да ги одржуваат своите тренинзи преку програмите пропишани од нивните тренери кои макотрпно работеа изминатите години со своите пливачи. Спортскиот Центар Борис Трајковски уште еднаш покажа и докажа дека е единствен спортски храм кој работи за доброто на спортот и спортските работници. Базенот ќе започне со работа со температура на вода од 25.5 степени, која очекуваме дека ќе биде во пораст во наредните денови, соопштија од СЦБТ.

Од спортскиот центар додаваат дека препорачуваат клубовите кои работат пливачка школа да почнат со тренинзи од 31.01.2022 година (понеделник) кога и очекуваат температурата на вода да биде повисока.

Причината според која базенот не работеше во изминатиот период била сериозен дефект во системите за греење.

Слични содржини