Од утре повторно отворен „Ист Гејт Мол“

од Nikola Popovski

Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ денеска објави дека продолжува со работа од 04.09.2022 (недела) oд 10:00 часот.

-Санацијата и дезинфекцијата на целиот објект после поплавата се завршени, и посетителите веќе од утре можат да уживаат во омилените продавници и ресторани, велат од таму.

ТЦ вчера соопшти дека водата која надојде од булеварот „Александар Македонски“ во гаражниот дел е исцрпена и дека граѓаните може да бидат сигурни во својата безбедност.

Слични содржини