Од утре повторно во функција железничкиот сообраќај за Гевгелија, саниран мостот на Црна Река

од Nikola Popovski
245 прегледи

Завршена е санацијата на средниот столб и на главните носачи на Железничкиот мост на Црна Река, во близина на Стоби, а  утре  во периодот од 11 до 14 часот ќе се изврши пробно испитување – пробно товарање на мостот.

-Очекуваме се’ да биде во најдобар ред со носивоста на мостот и ќе се направи технички прием, по што  планираме утре попладне повторно да го пуштиме товарниот сообраќај на релација Скопје-Гевгелија кон Солунското пристаниште и обратно кон земјите од средна Европа. Воедно патниот сообраќај кој од 14 ноември кога се случи оштетувањето на столбот досега се одвиваше континуирано со воз и автобус и преместување на патниците од утре попладне ќе биде само со воз на релација од Гевгелија преку Велес за Скопје и обратно, информира за МИА, Никола Марков од ЈП ЖРСМ Инфраструктура. Првиот воз без преместување на патниците, а само со воз  ќе биде оној  кој од Гевгелија за Скопје поаѓа во 16,20 часот утре попладне.

Од 15 ноември и се уште  патничкиот железнички сообраќај  се изведува комбинирано,  од Градско до Неготино и обратно патниците се превезуваат со автобус, додека од Скопје до Градско и  од Неготино до Гевгелија се воз.

Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија беше во прекин од 14 ноември минатата година поради оштетување на столбот. Изведувачот на градежните работи фирмата „Синтек инженеринг“ од Скопје која ги започна работите на 29 ноември  со рок од 45 дена ги заврши една недела предвреме.

Секојдневно од Скопје за Гевгелија и обратно сообраќаа два патнички воза, еден наутро и еден попладне. Со прекинот на железничкиот сообраќај од Солун за Скопје, најголем удар ќе има МЖ Инфраструктура бидејќи од превозот на кинеската стока, со по два товарни воза секојдневно од Солун за европските метрополи, ќе се одлее голема девизна заработувачка. Сега како алтернативен превоз за кинеската стока ќе се користи пругата преку Бугарија. Тешкотии ќе има и за превозот на нафтените деривати за македонските увозници, бидејќи тие сега ќе може да се достават само до Криволак или Неготино.

Слични содржини