Утре политичките партии продолжуваат со преговорите На дневен ред ќе биде изборното законодавство- редефинирање на составот и надлежностите на ДИК, прочистувањето на избирачкиот список и гласањето на дијаспората.

Минатиот месец партиите постигнаа согласност за реформирање на Државната изборна комисија. ДИК ќе брои девет члена, тројца ќе бидат избрани по предлог на власта, тројца ќе предложи опозицијата, а тројца членови треба да бидат експерти, независни од партиите.
ДИК ќе добие и зголемени ингеренции за да обезбеди фер и слободни избори, а рокот за ова решение е 30 септември.
Извесен напредок е постигнат и за прочистувањето на избирачкиот список, се бара комбиниран модел помеѓу предлогот на СДСМ за активна регистрација на гласачите и предлогот за теренска проверка.
Партиите ќе мора да се договорат до крајот на овој месец за да се запази рокот од договорот во Пржино, 30 септември.