Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ потсетува дека согласно Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници на територијата на град Скопје од 2015 год. (Член 10, алинеа 1) – билетите за бесплатно користење на јавен превоз, месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети – нема да важат за користење во ноќните линии.
Од ЈСП информираат и дека почнувајќи од 31.01.26 (сабота на полноќ) / 01.02.26 (недела), нема да биде во функција плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака за користење на ноќните линии.
-Користењето на јавен превоз во ноќните линии од 00:00 до 05:00 часот важи со валидирање/купување на ноќен хартиен билет за едно возење кој чини 50 денари, исклучиво купен во возилото кај возачот и од електронски паричник преку валидаторот, стои во соопштението од ЈСП.