Од утре времен режим на сообраќај од патарината кај Петровец кон Хиподром

од desk4
153 прегледи

Од утре почнуваат градежни активности за обнова на патот од Кадино до Хиподром, на потегот од наплатната станица Петровец кон Хиподром, заради што ќе се воведе времена измена на режимот на сообраќај и ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.