Министерството за економија го донесе правилникот за поединечно одобрување на возилата. Се очекува денеска или утре истиот да биде објавен во „Службен весник“ со што ќе се отстрани единствената пречка поради која возилата со странски таблички кои се возат низ државава не можеа да се пререгистрираат
„Предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за поединечно одобрување на возилата. Сега Бирото за метеорологија и другите институции како Царинската управа можат слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение“,соопшти министерот за економија Крешник Бектеши
Бектеши неодмана објасни дека оваа поволност ќе важи за сите возила кои ќе влезат во земјава заклучно со 1 октомври 2020 година.
„Целта на ова законско решение е можност на граѓаните, сопствениците или корисниците да можат да ги регистрираат возилата со странски регистарски таблици на територија на Република Северна Македонија. Сопственикот или корисникот на возилото или лицето кое ќе го купи возилото треба да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон“, изајвит тогаш министерот за економија.