Од 08:30 часот утрово е воведена забрана за тешки товарни возила на патен правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Тетово и на Попова Шапка, а во Гостивар и на планинските превои Стража и Пресека врнежите се од дожд и снег.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.