Стојанче Ангелов на денешната владина седница, е именуван за директор на Центарот за управување со кризи. Тој досега беше в.д директор како и најголемиот број директори на институциите.
По бројните критики во јавноста дека справувањето со пожари не му е јака страна, Ангелов на Твитер напиша:
„Кој смета дека е подобар нека се јави. Во спротивно нека молчи засекогаш. Добро, не баш засекогаш, барем во наредните 4 години“, напиша в.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Тој пред пет дена на Твитер го објави Јавниот оглас што го распиша Владата за избор на директор на институцијата со која тој раководи како вршител на должност.