Бизнисменот и осуденик Орце Камчев е вратен во притвор во Истражниот затвор во Шутка, откако неколку дена бил хоспитализиран на Клиниката за кардиологија.
Директорот на затворот Филип Андов, во изјава за „Фокус“ потврдил дека од вчера, притвореникот е повторно вратен во својата ќелија.
Камчев беше хоспитализиран на 30 јуни, по барање на бранителите, откако се пожалил на гушење и болки во градите.
Тој досега три месеци е во притвор во затворот во Шутка. Иако понуди гаранција од 1,7 милион евра за да се брани од слобода, Апелацискиот суд го одби барањето со образложение дека и натаму има опасност од бегство.
Тој на 16 јули ќе треба да седне на обвинителна клупа заедно со останатите обвинети во случајот „Плацевите на Водно“, бидејќи за тогаш е закажана главната расправа.