Од вкупниот број позитивни на Ковид-19 во изминативе 2 месеци, 76% не се вакцинирани

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, за изминати 24 часа при направени 3.791 тестирања, регистрирани се нови 386 случаи со Ковид-19, осум починати, 529 оздравени пациенти.

Од вкупниот број позитивни на Ковид-19 регистрирани во изминативе два месеци, 76 проценти или 28 856 граѓани не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81 отсто, додека само 19 проценти од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата на Министерството за здравство.

Од Министерството информираа дека во текот на завчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.798 дози вакцини, од кои 745 како прва доза, 1.999 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 7 октомври вкупно се вакцинирани 793.987 граѓани, ревакцинирани се 745.415, а трета доза примиле 625 граѓани. Ревакцинирани се 53 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза на полнолетната популација е 47, а со две дози 44 проценти. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во земјава е вакцинирана, а 35 проценти примила две дози вакцина.

Слични содржини