
Од Владата денеска нема коментар за вечрашната експлозија, во близина на владината зграда .
Од МВР велат дека работат на случајот. Се чека вештачењето на остатоците од експлозивната направа .
Од МВР соопштуваат дека по извршениот увид е пронајдено местото на експлозијата, која се случила на оддалеченост од 5 до 10 метри од зградата на Владата.
Од експлозијата не е причинета никаква штета.
Ова не е прв случај на гратанирање на зградата на Владата, но до сега не се откриени сторителите. Дополнително за вечерашниот случај треба да се утврди дали целта на нападот била зградата на Владата.