Тој има поминато многу искуства во текот на своите мандати и учествувал во носењето на голем број одлуки. Кога ќе видите од временска перспектива, некои работи можат да ви се чинат неостварливи или тешко остварливи. Сум разговарал со неговите колеги кои што биле советници во неговиот Кабинет, кои што велат за нас од тогашна перспектива беше несфатливо дека може да се дојде до договор со Грција и да станеме членка на НАТО. Исто така никој не очекуваше дека минатата година ќе добиеме преговарачка рамка после 17 години чекање. Јас верувам дека до 2030 можеме да биделе дел од ЕУ, доколку ги донесеме одлуките кои што не очекуваат и да го довршиме процесот на скрининг, како и отворање и затворање на Поглавјата, рече премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи ги вчерашните произнесени ставови и предлози на поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Тој истакна дека имаше луѓе кои беа песимисти дека ќе станеме членка на НАТО или дека никогаш нема да добиеме преговарачка рамка со ЕУ.
-Важно е да се остане верен на целта која што ја сакаат граѓаните, а тоа е членство во ЕУ и да се работи за таа цел да се оствари, кажа премиерот после одбележувањето 70 години од основањето и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков.
Ковачевски нагласи дека ги следи и цени ставовите на Црвенковски и другите поранешни претседатели и премиери.