Од вторник облачно со повремени врнежи од дожд, ветер и грмежи

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи, информира Управата за хидрометеолошки работи. Ќе дува засилен ветер од западен правец, а дневната температура благо ќе опадне.

И во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд, а преодно стабилизирање се очекува в петок кога температурите ќе бидат во пораст.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а дневната од 10 до 23 степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура од осум степени, а дневна до 20 степени.

Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат во деновите од викендот.