На Фејсбук групата „Србија великог срце“ се појави објава пред неколку дена која привлече големо внимание, а главен лик е еден наш сограѓанин, Македонец.
-Васе Гурев, Македонец со големо срце, возач на камион и татко на две деца, голем човек, направи потег што треба да нè освести сите.
Тој донесе инвалидски колички за две мали деца од Србија со дијагноза на церебрална парализа, Вања и Роман, од Загреб до Белград, иако тоа не беше пат на кој што тој треба да оди.
Васе Гурев се јави по помалку од еден час и понуди да го реши проблемот со превозот на инвалидските колички. Група прекрасни луѓе од Риека, Сплит, Карловац и Загреб обезбедија инвалидски колички за две момчиња на возраст од 2 и 4 години, но тие не успеаја да ги испратат во Србија.
Откако Саша Павлиќ (Хрватска) вчера ги возеше количките од Риека до Загреб, Гурев ги донесе во Белград и ги предаде на мајката на Вања синоќа.
Овој гест собра и обедини луѓе од три земји. Без непотребни прашања, без никакви услови, само со најдобра волја да им помогнеме на оние на кои им требаше, сите искрено се потрудивме да се случи.
Случајно, или воопшто не, таткото на Вања, исто така, вози камион и сега е на пат.
HEROJ
Vase Gurevi, Makedonac velikog srca, vozač kamiona i otac dvoje dece, veliki čovek, učinio je podvig koji bi sve…
Posted by Srbija velikog srca on Wednesday, December 23, 2020