Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска не присуствува на 21-та седница на Градското собрание од здравствени причини.
-Вчера со порака госпоѓата градоначалник дека за жал не може да присуствува на денешната седница од здравствени причини. Ѝ посакуваме побрзо закрепнување, рече претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.
Советот на Град Скопје, на денешната 21 седница, со 22 гласа за донесе заклучок за задолжување за Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје да достават информации за јавниот градски превоз во рок од седум дена.
Според заклучокот, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и ЈСП, до Советот на Град Скопје, во рок од седум дена да достават информација за актуелната состојба во јавниот градски превоз, состојбата во ЈСП, како и на начинот на организација и реализација на јавниот градски превоз.
-Има долг или нема долг. Што е точно? Ако има долг, како и кога ќе се плати? Договорот е раскинат, но тоа не значи поништување на обврската доколку има долг. Таков тип на информации немаме, рече координаторот на советничката група на СДСМ, Љубица Јанчева за приватните превозници и побара појаснување за состојбите во јавниот превоз и новиот оглас за јавниот превоз.