Одбележување 15 години од страшната хеликоптерска несреќа кај Блаце

од Nikola Popovski

Денеска се одбележуваат 15 години од хеликоптерската несреќа, кај село Блаце, Катлановско, во која загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада на АРМ.

На спомен-обележјето во Катлановско Блаце, свежо цвеќе ќе положи делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата составена од министерката за одбрана, Славјанка Петровска заменикот министер за одбрана, Башким Хасани и директорот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Зоран Милески. Свежо цвеќе ќе положат и делегации од Кабинетот на претседателот, општината Петровец, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Единаесетте македонски мировници загинаа на 12 јануари 2008 година, на враќање од мировна мисија „Алтеа“ во Босна. Во несреќата загинаа Тони Спасовски, Горан Ристовски, Бране Спасовски, Игор Ѓорески, Славчо Василев, Тони Давитковски, Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и Златко Вељановски.

Хеликоптерот МИ-17 со кој тргнаа на последниот лет требаше да слета на воениот дел од скопскиот аеродром. Спомен обележјето е поставено точно на местото каде се урна армискиот хеликоптер.

Слични содржини