Одбележување 16 години од страшната хеликоптерска несреќа кај Блаце

од Nikola Popovski
242 прегледи

Денеска се одбележуваат шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце, во која трагично загинаа единаесет армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг.

На спомен одбележјето на хеликоптерската несреќа во катлановско Блаце цвеќе ќе положат делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, предводена од директорот на генералштабот, бригаден генерал Симеон Трајковски, од кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, од Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, прва пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Претходно, припадниците на воздухопловниот ВИНГ ќе положат цвеќе и на спомен обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Единаесетте македонски мировници загинаа на 12 јануари 2008 година, на враќање од мировна мисија „Алтеа“ во Босна. Во несреќата загинаа Тони Спасовски, Горан Ристовски, Бране Спасовски, Игор Ѓорески, Славчо Василев, Тони Давитковски, Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и Златко Вељановски.

Хеликоптерот МИ-17 со кој тргнаа на последниот лет требаше да слета на воениот дел од скопскиот аеродром. Спомен обележјето е поставено точно на местото каде се урна армискиот хеликоптер.

Слични содржини