Одби 84 милиони долари од Лејкерс, за да потпиши договор од 5,9 милиони со Бостон

од Stefanija Kuzmanovska
302 прегледи

Денис Шродер минатата сезона ја помина со Лос Анџелес Лејкерс, но не беше постигнат договор за нов договор.

Шродер имаше понуда од Лејкерс од 84 милиони долари за четиригодишен договор.

Тој ја одби понудата бидејќи очекуваше да потпише многу подобар договор на друго место.

Сепак, на крајот, тој се согласи на едногодишен договор со Бостон Селтикс, што ќе му донесе „само“ 5,9 милиони долари.

На тој трансфер реагираше легендарниот Шекил О’Нил.

„Работи што ве тераат да кажете хмммммм“, напиша Шак со хаштаг: „На што по ѓаволите размислуваше?!“

Во Лејкерс минатата сезона постигнуваше 15,4 поени по натпревар, а имаше и 5,8 асистенции и 3,5 скока.

Слични содржини