Одби да се вакцинира, пa остана без плата од 3 милиони долари

од Nikola Popovski
517 прегледи

И покрај трите последователни победи во шампионатот и подобрата позиција на табелата во американската лига, тимот на Вашингтон Стејт ќе мора да го обнови комплетниот тренерски штаб, пишува USA Today.

Целиот стручен штаб на тимот Вашингтон Стејт Кугарс во американскиот фудбал одби да се вакцинира, и поради тоа, сите членови биле отпуштени, а меѓу членовите на поранешниот стручен штаб на Кугарс бил и главниот тренер со црногорско потекло, Ник Роловиќ.

42-годишниот Роловиќ никогаш јавно не ја објасни својата одлука, објавена уште во јули, зошто одлучил да не се вакцинира.

Според USA Today, Роловиќ поднел барање да биде изземен од задолжителната вакцинација за државните службеници чиј мандат истече на 18 октомври, поради верски причини.

Неговото барање за изземање било одбиено, па Роловиќ повеќе не ги исполнува условите за работа во државата Вашингтон.

Роловиќ, кој заработуваше три милиони долари годишно, имаше договор до јуни 2025 година.

Играчите се, како што напиша бекот на Кугарс, Џејден де Лаура во својата објава на Твитер, „тажни, лути и разочарани“ поради отказот на Роловиќ.

Од друга страна, тој додаде дека „тимот е поважен од секој поединец“.

Ниту еден друг тим во историјата на американскиот универзитетски фудбал не се соочил со таква ситуација.

Роловиќ и неговиот стручен штаб имаат рок од 15 дена да поднесат жалба против одлуката за разрешување.

Слични содржини