743
Британски воен брод одби напад со дронови на јеменските Хути во Црвеното Море, објавија денеска британските власти.
„Овие недозволиви и незаконски напади се целосно неприфатливи. Наша должност е да ја заштитиме слободата на пловидба во Црвеното Море“, соопшти британското министерство за одбрана.
Британскиот министер за одбрана Грант Шапс рече дека вчерашниот напад не ја заплашил Велика Британија и оти земјата останува посветена да ги заштити своите цивили и слободната пловидба.