Гордан Шутаров, советник во Град Скопје од редовите на СДСМ, соопшти дека на денешната 15-та седница на Советот на Град Скопје поднесол предлог за дополнување на дневниот ред со нова точка „Предлог-одлука за давање на финансиска помош на Ракометен клуб Вардар 1961-Скопје“ во знак на солидарност со „гордоста на градот и Македонија“, со цел полесно да ги надмине финансиските проблеми со кои се соочува по превземањето на старо-новите сопственици и не можноста за сервисирање на наследените долгови.
Со 15 гласа ЗА, 3 против и 13 воздржани, предлогот бил одбиен, вели Шутаров.
„Од мое лично име, целосно свесен за осетливоста на темата и грижата или негрижата на институциите, приватниот сектор и сите најавени спонзорства, одлучив да ја поднесам оваа иницијатива и побарав поддршка од сите членови на Советот на Град Скопје без разлика на политичката партија која ја претставуваат. 10.000.000 денари , РК Вардар нема да го спасат, но ќе биде добар мотив и за останатите институции и приватниот сектор сериозно да го поддржат РК Вардар. Тимот ќе живее и понатаму во нашите срца, и понатаму ќе опстои и ќе дојдат нови шампионски денови за Скопје и Македонија“, сподели тој.