168
Поранешната лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, која се наоѓа во притвор во таа земја, страда од здравствени проблеми, а воените лидери го одбија барањето да ја посети лекар кој не работи во затворскиот оддел, објави „Ројтерс“, цитирајќи неименуван извор запознаен со состојбите и власта во сенка, која е лојална на поранешната лидерка.
Добитничката на Нобеловата награда за мир (78) е лекувана од страна на затворски лекар.
„Таа боледува од отечени непца и не можеше да јаде добро, чувствува вртоглавица и мачнина“, рекол изворот, кој одбил да биде идентификуван поради страв од апсење.