Одбиена жалбата на Реал Мадрид против црвениот картон на Белингем

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Жалбата на Реал Мадрид против црвениот картон на Џуд Белингем добиен по крајот на натпреварот со Валенсија е одбиена, пренесуваат шпанските медиуми. Тој потоа беше суспендиран на два натпревари.

Апелациската комисија на Шпанската фудбалска федерација не ги почитуваше аргументите на Кралскиот клуб против санкцијата на Англичанецот. Како што е познато, Белингем беше исклучен поради бурните протести за неговиот поништен гол од страна на судијата Хил Манзано, при што судијата свирна крај на мечот неколку секунди пред голот.

Така, англиската ѕвезда на Реал Мадрид сигурно ќе го пропушти домашниот натпревар на Селта и гостувањето кај Осасуна во Ла Лига.

Сепак, добри вести за Белингем стигнаа вчера, откако стана јасно дека истрагата против него за наводна навреда („силувач“) упатена кон неговиот сонародник Мејсон Гринвуд, е затворена.

Слични содржини