Одбиени приговорите – на таткото на убиената Вања ќе му се суди за грабнување на ќерката

од Nikola Popovski
849 прегледи

Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 донесе решение против обвинетите : В.М., Б.В. и В.К. обвинети за по две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. 22 од КЗ и чл. 123 ст. 2 т.1 и т.4 в.в со чл. 22 од КЗ како и две кривични дела – Грабнување од чл. 141 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл. 22 и чл. 141 ст. 1 в.в. чл. 22 од КЗ, и обвинетиот А.Ѓ. обвинет за едно кривично дело Грабнување чл. 141 ст.2 в.в. ст.1 в.в. чл. 24 од КЗ, а поврзано со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. во ноември минатата година, соопшти Кривичниот суд во Скопје.

По разгледување и ценење на актот како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, е донесено решение со кое – Приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а Обвинителниот акт се одобрува во целост.

-Врз основа на одобрениот обвинителен акт, се формира кривично – правен предмет кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, за што , ценејќи го јавниот интерес за случајот, јавноста ќе биде благовремено известена, соопштија од судот.

Во однос на повеќе новинарски прашања за постапката против прво осомничениот за двојното убиство – Љ.П. (Љупчо Палевски-Палчо) судот ја информира јавноста дека постапката е сеуште во фаза на обвинителска истрага.

Палевски доби адвокат по службена должност откако ниту еден од тројцата предложени од негова страна не се согласи да го застапува во постапката.

Тој беше уапсен во Турција. По пет месеци во екстрадициски притвор, минатата недела е испорачан на македонските власти. За тројцата соизвршители во двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот велешанец Панче Жежовски се затвора обвинението. Осомничени се и двајца за помагање, еден од нив е таткото на Вања, кој е во домашен притвор.

Целиот овој случај почна да се развива со пријавата за исчезнувањето на малолетната Вања на 27 ноември, утрото кога таа не се појави на училиште. Исчезнувањето со денови ја брануваше македонската, но и јавноста во регионот. Медиумите и социјалните мрежи беа преплавени со вести и апели се до 3 декември кога нејзиното тело беше пронајдено во околината на Скопје.

Истиот ден беше кобен и за семејството на Панче Жежовски бидејќи полицијата соопшти дека неговото тело го пронашле во близина на Велес. Тој бил пријавен за исчезнат три дена пред Вања – на 24 ноември.

Слични содржини