Вишото јавно обвинителство го одби барањето на одбраната за изземање на сите обвинители од скопското Јавно обвинителство поради можноста да се јават како оштетени во постапката што се води против обвинетиот Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост „ДоказМ“, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела.
Како што потврдија од ОЈО, барањето е одбиено, а застапник на обвинението останува обвинителката Зорица Павловиќ од скопското Обвинителство.
Денешното насрочено рочиште е одложено за 10 март, токму поради ова барање за кое Судот одлучи да чека на одлуката на Вишото јавно обвинителство.