Одбиено барањето на Палевски за промена на судијата

од Nikola Popovski
21 прегледи

Претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, одбил да го промени судијата Ивица Стефановски од Судечкиот совет во предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова го бараше првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, а одлуката ја добил на ден пред новата година.

Обвинетиот Палевски на претходното рочиште, на 20 декември, побара да се изземе претседателот на Судечкиот совет Ивица Стефановски, затоа што, како што рече, тој бил необјективен, пристрасен и не му дозволил правична одбрана, како и дека не го барал оружјето со кое се извршени убиствата кај другите обвинети.

Истовремено, на судењето не е присутен Гоце Трајковски, кој е еден од клучните сведоци кога станува збор за потрагата на Вања. Тој заедно со таткото собирал видеоснимки, преземал активности за пронаоѓање на детето. Инаку, Трајковски е во бегство откако беше осомничен за палење на угостителски објект во скопската населба Кисела Вода.

На рочиштето беа изведувани и видео-записи. На првите неколку видеа, презентирани од Обвинителството, се гледа како обвинетиот Влатко Кешишев наплаќа и полни балон со бензин на бензинска станица Макпетрол кај Транспорниот центар Скопје во близина на партијата Десна околу 5 часот наутро на 27 ноември 2023 година. Во судницата беа презентирани и неколку видеа од безбедносни камери од возилото Рено Кангу, како се движи во Центар, од седиштето на партијата Десна, кон Аеродром и во правец кон Гази Баба, околу 5 часот и 33 минути на 27 ноември 2023 година.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Слични содржини